Циклон кабините се уреди каде што се врши електростатско нанесување на прашкаста боја на предметот што се третира. Како составен дел на секоја кабина има и соодветен циклон кој врши високоефективно отпрашување, и филтер единица составена од специјални антистатик филтри. Задачата на секоја кабина е да овозможи рационално користење на бојата, без губитоци и загадување на човековата околина, односно вишокот на боја која не се задржала на предметот што се третира (околу 40%), го доведе до циклонот и филтер еди ницата каде се врши негово собирање. Овие кабини се високо ефективни и имаат искористување на бојата од 99%, која со просејување се враќа назад на повторна употреба.
ЦИКЛОН КАБИНИ ЗА РАЧНО И АВТОМАТСКО ЕЛЕКТРОСТАТСКО БОЈАДИСУВАЊЕ
Соодветната вентилација (5000 m3/h - 13000 m3/h) гарантира работа без заштитна облека и без заштитна маска. Протокот на вентилаторите се регулира со соодветен регулатор на бројот на вртежи. Циклон кабините може да бидат изведени како затворени или проточни. Опремени се со соодветно осветлување, а по потреба може да се вгради и електророти - рачки носач со регулација на бројот на вртежи, што е посебно погодно за фарбање на ротирачки елементи (столови, масички ...).
Филтер единицата е составена од 6 антистатик филтри со димензии од ф250 х 1800 mm, до ф300 х 2000 mm. Овие специјални филтри се со коефициент на отпрашување од 99,9%.
Кабините се изработуваат во сите димензии и форми, во зависност од потребите и можностите. Како основни димензии се следните: - K-2 (2000x1800x900 mm) - K-3 (2500x2000x900 mm) - K4 (3000x2200x1200 mm) - Дуплекс кабина со две работни места (4000x2200x1200 mm) - K-22 (кабина за фарбање во 2 бои - 2000x1800x900 mm)
Овој тип на циклон кабини се употребува за фарбање на поголеми серии. Отпрашувањето во овие кабини се решава со два или повеќе циклони, и исто толку филтер единици, така да коефициентот на искористување се движи до 99%. Обично се изработуваат со четири работни места, од кои две работни места се наменети за роботи со соодветен број на пиштоли, и две работни места се наменети за рачно корегирање на нанесениот слој. Конструирани се во комбинација од челични профили инокс елементи и антистатички материјали, кои овозможу- ваат брзо и лесно чистење и спречува лепење на честички прав на внатрешноста на самата кабина.
Проточни кабини за работа со рачни или автоматски електростатски уреди - роботи
Термостил ДООЕЛ 2314, Блатец, Виница Р. Македонија тел. +389 (0)71 331 066
Термостил ДООЕЛ Блатец, Виница  Македонија
Цевни радијатори Цевни радијатори Професионални CNC машини Професионални CNC машини Циклон кабини за електростатско бојадисување Кабини за лакирање со водена завеса Кабини за лакирање со водена завеса